Турција

Турција: Американските команданти започнаа опсервација на границата со Сирија

Американската делегација со воен конвој од 10 возила тргна кон подрачјето на Акчакале кое се наоѓа на границата со Сирија

Mehmet Fatih Aslan  | 11.09.2019 - Обновена : 12.09.2019
Турција: Американските команданти започнаа опсервација на границата со Сирија

ШАНЛИУРФА (АА) - Стивен Твити, заменик-командант на Европската команда на Соединетите Американски Држави (САД) и Томас Бергесон, заменик-командант на Централните сили на САД, пристигнаа во турската област Шанлиурфа со цел да извршат опсервација на границата со Сирија, јавува Anadolu Agency (AA)

Твити и Бергесон, заедно со американската делегација, по нивните средби во Анкара пристигнаа на аеродромот ГАП во Шанлиурфа, каде што беа пречекани од страна на припадниците на Турските вооружени сили (ТСК).

Американската делегација со воен конвој од 10 возила тргна кон подрачјето на Акчакале кое се наоѓа на границата со Сирија.

При преминот на конвојот беа преземени опсежни безбедносни мерки во подрачјето.

Се соопштува дека Твити и Бергесон ќе се состанат со делегацијата на ТСК во Заедничкиот оперативен центар во Акчакале формиран во врска со безбедносната зона.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.