Турското индустриско производство во јули оствари раст од 8,6 отсто
Заводот за статистика на Турција соопшти дека во јули во индустрискиот сектор за производство на стока за употреба и продажба бил остварен рекорден раст од 8,6 отсто

АНКАРА
Индустриското производство во Турција во јули се зголеми за 8,4 отсто во однос на претходниот месец, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Заводот за статистика на Турција денес соопшти дека во јули во индустрискиот сектор за производство на стока за употреба и продажба бил остварен рекорден раст од 8,6 отсто.
„Индексот на вадење руда и камен исто така е зголемен за 5,4 отсто, а индексот на снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се зголеми за 6,4 отсто во јули 2020 година“, се наведува во извештајот на ТуркСтат.
Паралелно со тоа, турската индустрија во јули оствари и раст од 4,4 отсто во однос на истиот период минатата година.
Додека вадењето руда и камен во јули оваа година имаше намалување од 4,9 отсто во однос на податоците од јули минатата година, во областа на производството е остварен раст од 5,1 отсто.
Снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се зголеми за 1,4 отсто во однос на истиот период минатата година.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.