Турскиот министер Фидан разговараше со рускиот колега Лавров за војната во Украина и самитот на Алјаска
Фидан изрази надеж дека процесот што започна на Алјаска ќе доведе до траен мир со учество на Украина, додавајќи дека Турција е подготвена да го даде својот придонес

ИСТАНБУЛ (АА) — Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, синоќа разговараше телефонски со својот руски колега Сергеј Лавров во врска со самитот на Алјаска и војната меѓу Русија и Украина, јавува Анадолу.
Според турски дипломатски извори, двајцата министри разговарале за напорите за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина, вклучително и самитот меѓу претседателите на САД и Русија во петокот на Алјаска.
Фидан истакнал дека се надева дека процесот што започна на Алјаска ќе доведе до траен мир со учество на Украина, додавајќи дека Турција е подготвена да го даде својот придонес.