Турција

Трамп му честиташе на Ердоган на успешно спроведениот референдум

Трамп телефонски го повика Ердоган и му честиташе на референдумот на кој граѓаните на Турција вчера со мнозинство гласови го одобрија спроведувањето на уставните реформи кои вклучуваат и преминување од парламентарен на претседателски систем

İlkay Guder, Enes Kaplan  | 17.04.2017 - Обновена : 18.04.2017
Трамп му честиташе на Ердоган на успешно спроведениот референдум

Ankara

АНКАРА (AA) – Американскиот претседател Доналд Трамп му честиташе на турскиот колега Реџеп Таип Ердоган на успешно спроведениот референдум за уставните реформи во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Неименуван извор од Претседателството на Турција соопшти дека Трамп телефонски го повика Ердоган и му честиташе на референдумот на кој граѓаните на Турција вчера со мнозинство гласови го одобрија спроведувањето на уставните реформи кои вклучуваат и преминување од парламентарен на претседателски систем.

На турскиот претседател денеска му честитаа и бројни други светски лидери, меѓу кои и унгарскиот премиер Виктор Орбан, претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамас Ал Тани, палестинскиот претседател Махмуд Абас, како и челниците на Пакистан, Ирак, Белорусија и други земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.