Вучиќ: Воениот сојуз на Хрватска и Словенија е исклучително непријателски настроен кон Србија
„Бев во Брисел повеќе од 200 пати, но, тоа не значи дека ни е дозволено и имаме право да навредуваме толку голема и успешна земја како Народна Република Кина или Руската Федерација“, истакна српскиот претседател Александар Вучиќ

БЕЛГРАД - Српскиот претседател Александар Вучиќ денес зборуваше за економската програма што наскоро ќе биде објавена, но особено се осврна на воениот сојуз меѓу Хрватска и Словенија, за кој смета дека е непријателски настроен кон Србија и додаде дека во врска со тоа ќе разговара со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, известува Анадолу.
- Воениот сојуз меѓу Хрватска и Словенија е исклучително непријателски настроен кон Србија
Претседател Вучиќ истакна дека е загрижен поради молчењето на претставниците на ЕУ и НАТО за декларацијата за воена соработка меѓу Хрватска и Словенија, зборувајќи дека имаат негативни искуства од 1990-тите кога двете земји се обединиле против Србите и Србија, и дека ќе се обиде да разговара за тоа со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Тој нагласи дека овие акти се јасно и исклучително непријателски настроени кон српскиот народ и државата Србија, но дека мора да „ја спуштиме топката“, дека граѓаните не треба да се грижат и дека мора да продолжат да ја зајакнуваат земјата и армијата како фактор за одвраќање.
„Загрижен сум поради молчењето на луѓето од Европската Унија, од НАТО. Ќе се обидам да разговарам и со Марк Руте, за да видам за што станува збор, бидејќи е тешко дека повторно ќе може да ми каже дека не знае за што станува збор, како што беше случајот со тројниот пакт, кој не случајно се нарекува троен пакт меѓу Приштина, Загреб и Тирана“, изјави Вучиќ за српски медиум. Тој истакна дека треба да бидат попаметни отколку што биле во 1990-тите, што значи дека треба да избегнуваат војни и да ги заштитат деца и земјата.
- На Србија и е местото во одлична соработка со ЕУ, но не смееме да ги навредуваме Русија и Кина
Претседател Вучиќ истакна дека местото на Србија е во одлична соработка со Брисел, но тоа не значи дека на Србија ѝ е дозволено и има право да ја навредува Кина или Русија. Српскиот претседател вака ја коментираше изјавата на заменик-претседателот на Партијата за слобода и правда Борко Стефановиќ од Брисел, кој рече дека тој е таму каде што е иднината на Србија и каде што нема да има источен деспотизам. Вучиќ истакна дека ова го кажал човек, Стефановиќ, кој рекол дека не е проблем признавањето на Косово.
„Нека донесат одлука за независност на Косово, но дозволете ни прво да одржиме избори, ние да победиме, а потоа да донесеме одлука за независноста на Косово - така се однесуваа. Кога Косово ја прогласи или, како што велиме, самопрогласи својата независност, тие молчеа, не кажаа ни збор. Не ги интересираше тоа“, рече Вучиќ.
Вучиќ оцени дека местото на Србија е во одлична соработка со Брисел.
„Бев во Брисел повеќе од 200 пати, но, тоа не значи дека ни е дозволено и имаме право да навредуваме толку голема и успешна земја како Народна Република Кина или Руската Федерација. Тој мислеше и на едните и на другите. Тоа покажува дека овие луѓе немаат поим што се случува во светот“, нагласи Вучиќ.
- Одлуките против Додик се спротивни на основните демократски принципи
Вучиќ рече дека одлуката за осуда на Лидерот на СНСД, на кого Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на босанскиот ентитет РС, Милорад Додик, на една година затвор и забрана за вршење јавна функција во траење од шест години е донесена спротивно на основните демократски принципи.
„Мислам дека секој во светот знае што се случило и како одлуките што се донесени се спротивни на основните демократски принципи, спротивни на политичкиот легитимитет, легалитет и сè друго“, изјави Вучиќ за српски медиум.
„Луѓето треба да знаат дека оние кои најчесто се повикуваат на владеењето на правото и демократијата се токму оние на кои најмалку им е грижа за тоа, најмалку водат сметка за тоа и, всушност, се водат исклучиво од сопствените политички интереси и ништо друго“, рече српскиот претседател.
- Подготвуваат и демонстрации против Канцеларијата за Косово за 19 септември
Српскиот претседател рече дека добил информации дека „високиот состанок на делегати“ планира и демонстрации против Канцеларијата за Косово на 19 септември. Зборуваше дека додека бил во Командно-оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи за време на синоќешните демонстрации, добил информации дека „високиот состанок на делегати“ (пленум) одлучил, додека биле напаѓани полицајците со шипки пред Филозофскиот факултет во Нови Сад, дрвени стапови и пиротехнички средства, да се организираат демонстрации против Канцеларијата за Косово на 19 септември.
„Не можат да најдат ниту студенти, ниту професори, никого. Значи, како самиот Курти да им наредил што да прават. Сега ќе демонстрираат против Канцеларијата за Косово. Само кажете ми, дали мислите дека е можно тоа да биде случајност? Не мислите веројатно дека ова им паднало на памет на Хрватите и Словенците? Или дека ова им паднало на ум само на Приштина, Тирана и Загреб? Па, не“, истакна Вучиќ.
Според него, некој друг сака да ја држи геополитичката карта под контрола, онаква каква што била по Берлинскиот конгрес, пред Балканските војни, пред Првата светска војна, по Првата светска војна.