Политички дијалог Турција - ЕУ во Брисел
„Развојот на процесот на преговори за пристапот на Турција во ЕУ, финансиската соработка, вклучувајќи ги и претпристапните фондови (ИПА), процесот на визна либерализација...“

АНКАРА (АА) - Турското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Турција и Европската Унија (ЕУ) в петок во Брисел ќе одржат состанок за политички дијалог, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се вели дека турската делегација ќе ја предводи заменик-министерот за надворешни работи и одговорен за европските прашања, амбасадорот Фарук Кајмакџи, додека европската делегација ќе биде предводена од заменик-генералниот секретар на европската служба за надворешни активности, Жан-Кристоф Белард и генералниот директор за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Кристијан Даниелсон.
„Развојот на процесот на преговори за пристапот на Турција во ЕУ, финансиската соработка, вклучувајќи ги и претпристапните фондови (ИПА), процесот на визна либерализација, ажурирање на Царинската унија, како и значајни области во соработката на Турција со ЕУ, како што се контратероризам, миграција, безбедност и одбрана, се теми кои се предвидени да бидат дискутирани за време на состанокот“, се додава во соопштението.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.