Финска изложена на ризик од фискална акција од ЕУ поради „структурни“ проблеми, предупредува министерката за финансии
„Трошењето за одбрана не го објаснува нашиот тековен дефицит, туку слабиот развој на приходите во однос на другите растечки расходи, како што се брзорастечките расходи за социјална помош и трансферните плаќања (на бенефиции)“
ЛОНДОН (АА) - Финска веројатно ќе биде ставена под Процедурата за прекумерен долг, предупреди министерката за финансии на земјата, наведувајќи ги структурните проблеми, развојот на приходите и подлабоките структурни проблеми во економијата на земјата, јавува Анадолу.
Пура, обраќајќи им се на пратениците во Парламентот, се повика на економската прогноза на Европската комисија, според која државниот долг на Финска ќе го надмине прагот од 90% од БДП веќе во 2026 година, пренесе финската јавна телевизија Јле.
„Финска ќе биде предмет на Процедура за прекумерен долг од почетокот на следната година“, рече Пура вчера, додавајќи дека тоа изгледа „многу очигледно, врз основа на бројките“.
Според прогнозата на Комисијата, јавниот долг на Финска се очекува да порасне на 92,3% од БДП до 2027 година.
Во понеделникот Комисијата соопшти дека финската економија стагнира и дека земјата би можела да стане шеста најзадолжена членка на ЕУ до 2027 година.
Министерката посочи дека по надминувањето на прагот од 90% јавен долг, ЕУ ќе бара од следната финска Влада да го намалува соодносот на задолженост најмалку за 1% годишно.
Механизмот, исто така, бара Финска почесто да поднесува извештаи за своите јавни финансии и за напредокот во нивната консолидација.
Пура рече дека слабиот развој на приходите е причина за тоа, споменувајќи дека економските проблеми на нордиската земја се „структурни“.
„Трошењето за одбрана не го објаснува нашиот тековен дефицит, туку слабиот развој на приходите во однос на другите растечки расходи, како што се брзорастечките расходи за социјална помош и трансферните плаќања (на бенефиции)“, додаде таа.
Доколку Финска навистина биде ставена под оваа процедура, ќе мора да доставува уште почести и подетални извештаи за буџетската состојба. Во случај земја членка да не ги почитува обврските, можно е наметнување санкции, но прагот за тоа е многу висок, се наведува во извештаите.
Доколку земјата членка не се придржува, може да биде предмет на санкции, но прагот за тоа е многу висок, според извештајот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
