Од езерото Аџиѓол до Истанбулскиот аквариум: Нова надеж за критично загрозената риба зракоперка
Во Истанбулскиот аквариум создадени се две различни пробни средини за поддршка на адаптацијата и размножувањето во услови што го симулираат природното живеалиште...
ИСТАНБУЛ (АА) – Рибата зракоперка, вид ендемичен за Турција и критично загрозен, е ставена под заштита во рамки на проектот спроведен во соработка меѓу Истанбулскиот аквариум и турското Министерство за земјоделство и шумарство, јавува Анадолу.
Кустосот на Истанбулскиот аквариум, Угур Чаглар, за Анадолу ја објасни важноста на ендемскиот вид, кој со научни методи бил пренесен од своето природно живеалиште во аквариумска средина, како и процесот на заштита и тековните активности.
Чаглар изјави дека видот зракоперка, познат и како килириба, е ендемичен за езерото Аџиѓол во Бурдур и проектот бил започнат токму поради критичнатата загрозеност на видот.

Истакнувајќи дека Истанбулскиот аквариум е дом на повеќе од 17.000 животни од над 1.500 различни видови, Чаглар додаде дека секој вид има специфични барања во однос на животната средина, навиките за исхрана, условите за стрес и контролата. Тој нагласи дека аквариумот соработува со Зоолошкото друштво во Лондон, една од нивните партнерски институции, за набљудување на однесувањето на животните.
Чаглар објасни дека со дозвола на Министерството за земјоделство и шумарство, аквариумот спровел теренска работа на езерото Аџиѓол со универзитетски професори и истражувачи, по што примероците биле донесени во аквариумот. Таму биле создадени две различни пробни средини за поддршка на адаптацијата и размножувањето во услови што го симулираат природното живеалиште, вклучително и сезонските температурни промени и соодветниот дизајн на аквариумите, додека секојдневно биле вршени проверки на јајцата за зголемување на успехот во размножувањето.

- „Нашиот следен чекор... ќе биде видот килириба во Кајсери“ -
Наведувајќи дека бројот на рибите од овој вид во езерото Аџиѓол, кој изнесувал 98, повеќе од двојно се зголемил по успешната сезона на размножување, Чаглар нагласи дека главната цел на проектот е зголемување на популацијата на исчезнувачкиот вид во аквариумите и, кога ќе дојде време и со потребните дозволи, нивно враќање во природното живеалиште.

Чаглар додаде дека видот риба што живее во езерото Аџиѓол е познат како Anatolichthys transgrediens, а дека сродни видови постојат под имињата Anatolichthys saldae во езерото Салда во Бурдур и Anatolichthys danfordii во Султанските мочуриштата во Кајсери.
Најавувајќи дека ќе се спроведе следно теренско истражување на видот килириба во Султанските мочуришта во Кајсери, Чаглар рече: „Покрај нив, ја имаме и медитеранската ендемска раја позната како Raja radula. Во аквариумот спроведуваме активности за размножување и заштита на многу видови чии популации се на критично ниво. Нашиот следен чекор, посебно во делот на ендемските видови, ќе биде килирибата во Кајсери.“
Чаглар ја истакна важноста на еколошката свест, напоменувајќи дека копнените води се почувствителни на загадување од морските, и дека човекот, како потрошувач и заштитник, има најголема одговорност за зачувување на природните ресурси и пренесување на таа свест на идните генерации.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
