Турција

На границите на Турција фатени еден припадник на ДЕАШ и шестмина припадници на ФЕТО

„Осомничените беа меѓу 23-те лица кои се обиделе нелегално да влезат во Турција од Иран или да преминат од Турција во Грција“, се соопштува од Министерството за одбрана на Турција

Jeyhun Aliyev   | 15.04.2021
На границите на Турција фатени еден припадник на ДЕАШ и шестмина припадници на ФЕТО

АНКАРА

Министерството за одбрана на Турција соопшти дека на турските граници се фатени еден припадник на терористичката организација ДЕАШ и шестмина припадници на терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Осомничените беа меѓу 23-те лица кои се обиделе нелегално да влезат во Турција од Иран или да преминат од Турција во Грција“, се соопштува од Министерството на Твитер.

„Нашата борба против нелегалните премини од нашите граници продолжува“, се додава од Министерството.

Турција беше една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација во 2013 година.

Оттогаш во земјата беа извршени повеќе напади од терористите на ДЕАШ, односно најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 оружени напади, во кои загинаа 315 лица, а беа повредени стотици други.

Како одговор на нападите, Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство за да спречи нови напади.

Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а беа повредени 2.734 лица.

ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın