Турција

Ердоган: Турција ги осудува сите форми на напади кои го нарушуваат суверенитетот на Катар

- За време на разговорот меѓу Ердоган и Ал Тани станало збор за билатералните односи, како и за регионалните и глобални прашања

Esra Tekin  | 26.06.2025 - Обновена : 26.06.2025
Ердоган: Турција ги осудува сите форми на напади кои го нарушуваат суверенитетот на Катар

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес рече дека Анкара ги осудува „сите форми на напади“ кои го нарушуваат суверенитетот на Катар, нагласувајќи ја поддршката на Турција за своите „катарски браќа“ во телефонски разговор со емирот Тамим бин Хамад ал-Тани, соопшти Директоратот за комуникации при турското Претседателство, јавува Анадолу.

За време на разговорот, станало збор за билатералните односи, како и за регионалните и глобални прашања.

Ердоган истакна дека за време на самитот на НАТО разговарал со своите колеги за воената ескалација меѓу Иран и Израел.

Турскиот претседател изрази надеж дека страните ќе се придржуваат до фактичкиот прекин на огнот и дека постигнатиот мир ќе биде одржан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın