Турција

Mагла како „морe од облаци“ ja обви планината Дуртмен во турската област Самсун

- Снимките од воздух на Анадолу ја прикажуваат токму таа спектакуларна глетка.

Aida Cako  | 30.07.2025 - Обновена : 30.07.2025
Mагла како „морe од облаци“ ja обви планината Дуртмен во турската област Самсун

СКОПЈЕ (АА) – Планината Дуртмен во турската област Самсун, со надморска височина од 1.650 метри, ја обвива густа магла што создава впечаток на „морe од облаци“, јавува Анадолу.

Снимките од воздух на Анадолу ја прикажуваат токму таа спектакуларна глетка.

Овој природен феномен се појавува во одредени периоди од годината, кога над густата покривка од магла останува видлив само врвот на планината. Тоа е импресивен пејзаж што предизвикува голем интерес кај љубителите на природата.

Планината Дуртмен е дестинација што сѐ повеќе ја посетуваат љубителите на природата, при што го привлекува вниманието со прекрасниот пејзаж и природната убавина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın