Турција

Ердоган: Газа покажува сцени „полоши од нацистичките логори“

- Употребата на глад од страна на Израел како оружје против Палестинците е најјасен показател дека им недостасува човечност, вели турскиот претседател

Esra Tekin, Efe Özkan  | 29.07.2025 - Обновена : 30.07.2025
Ердоган: Газа покажува сцени „полоши од нацистичките логори“

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес се осврна кон гладот во блокираната Појас Газа, кој е под немилосрдни израелски напади веќе 22 месеци, велејќи дека во Газа можат да се видат сцени „полоши од нацистичките логори“ со луѓе кои гладуваат и лишени се од вода пред очите на целиот свет, известува Анадолу.

„Терористичката држава Израел врши геноцид врз нашите браќа во Газа, брутално масакрирајќи ги 22 месеци на површина од 360 квадратни километри“, рече Ердоган за време на прес-конференцијата заедно со својот казахстански колега Касим- Џомарт Токаев во Анкара.

„Употребата на глад од страна на Израел како оружје против Палестинците е најјасен показател дека им недостасува човечност“, додаде Ердоган.

За врските меѓу Турција и Казахстан, Ердоган рече дека за време на средбата со Токаев разговарале за проекти што ќе ја подигнат турско-казахстанската воена и одбранбена индустрија на повисоко ниво.

„Во заедничката декларација со претседателот Токаев нагласивме почитување на еднаквите и вродените права на кипарските Турци“, додаде Ердоган.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın