Во последните 24 часа од коронавирусот во Турција починаа 15 пациенти
„Во последните 24 часа завршени се 5.035 тестови. Дијагностицирани се 561 лице, починаа 15 наши пациенти...“, истакна турскиот министер за здравство

АНКАРА (АА) - Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, соопшти дека во последните 24 часа од коронавирусот (Ковид-19) во Турција починале уште 15 пациенти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Коџа истакна дека со последниот број починати, вкупниот број лица кои ја изгубија битката со коронавирусот е 59.
„Во последните 24 часа завршени се 5.035 тестови. Дијагностицирани се 561 лице, починаа 15 наши пациенти. Бројот на пациенти што ги изгубивме досега е 59. Вкупниот број на дијагностицирани пациенти е 2.433,“ соопшти Коџа.
Тој нагласи дека бројките не можат да ја изразат болката и вознемиреноста, и порача граѓаните да се обидат да живеат со нула ризик.