УЕФА Лига на шампиони: Милан го совлада ПСЖ, Барселона загуби од Шахтјор
- Шахтјор Доњецк приреди изненадување и со 1:0 ја совлада Барселона

АНКАРА (АА)
Синоќа се одиграа натпреварите од четвртото коло од групната фаза на УЕФА на Лигата на шампиони во групите Е, Ф, Г и Х, а особено внимание привлече дуелот меѓу Милан и Париз Сен Жермен (ПСЖ), јавува Анадолу.
Атлетико Мадрид во групата Е на својот стадион „Метрополитан“ му нанесе тежок пораз на Селтик, совладувајќи го со резултат 6:0. Во истата група Лацио успеа да го совлада Фејенорд со минимални 1:0.
Група Е | Бодови | |
1. Атлетико Мадрид | 8 | |
2. Лацио | 7 | |
3. Фејенорд | 6 | |
4. Селтик | 1 |
Во групата Ф Милан на домашен терен го пречека Париз Сен Жермен. Домаќините беа поуспешни и со резултат 2:1 го совладаа ПСЖ. Во истата група фудбалерите на Борусија Дортмунд беа поуспешни и со 2:0 го совладаа Њукасл.
Група Ф | Бодови |
1. Борусија Дортмунд | 7 |
2. Париз Сен Жермен | 6 |
3. Милан | 5 |
4. Њукасл | 4 |
Црвена звезда во рамките на средбите од групата Г во Белград загуби од РБ Лајпциг со резултат 1:2. Во вториот дуел од оваа група Манчестер Сити славеше над Јанг бојс со резултат 3:0.
Група Г | Бодови |
1. Манчестер Сити | 12 |
2. РБ Лајпциг | 9 |
3. Црвена звезда | 1 |
4. Јанг бојс | 1 |
Во групата Х, Порто како домаќин го совлада Антверпен со 2:0. Шахтјор Доњецк го направи најпријатното изненадување на колото. Шахтјор на домашен терен ја совлада Барселона со 1:0.
Група Х | Бодови |
1. Барселона | 9 |
2. Порто | 9 |
3. Шахтјор | 6 |
4. Антверпен | 0 |
Денес на програмата се натпреварите од четвртото коло во групите А, Б, Ц и Д на УЕФА Лигата на шампиони. Се среќаваат:
18:45 Реал Сосиедад - Бенфика
18:45 Наполи - Унион Берлин
21:00 Копенхаген - Манчестер јунајтед
21:00 РБ Салцбург - Интер
21:00 Баерн Минхен - Галатасарај
21:00 Арсенал - Севиља
21:00 ПСВ - Ленс
21:00 Реал Мадрид - Брага
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.