спорт

Денес се игра првиот полуфинален натпревар од Лигата на нации на УЕФА

- Учесниците во финалето на Лигата на нации на УЕФА што ќе се одржи во Германија ќе бидат познати по денешанта средба меѓу Германија и Португалија и дуелот меѓу Шпанија и Франција закажан за утре, 5 јуни (четврток).

Mutlu Demirtaştan  | 04.06.2025 - Обновена : 05.06.2025
Денес се игра првиот полуфинален натпревар од Лигата на нации на УЕФА

ИСТАНБУЛ (АА) - Првиот полуфинален натпревар од Лигата на нации на УЕФА меѓу Германија и Португалија се игра денес, известува Анадолу.

Учесниците во финалето на Лигата на нации на УЕФА што ќе се одржи во Германија ќе бидат познати по средбите што се играат денес и утре на 5 јуни (четврток).

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на нации, Германија и Португалија ќе ги одмерат силите на „Алијанц арената” во Минхен. Натпреварот започнува во 21:00 часот.

Во вториот полуфинален натпревар, Шпанија и Франција ќе играат на „МХП Арена“ во Штутгарт на 5 јуни (четврток) во истиот термин.

Поразените тимови од полуфиналето за 3. место ќе играат во Штутгарт на 8 јуни (недела) со почеток во 15:00 часот.

Финалниот натпревар, кој ќе го одреди шампионот на сезоната 2024-2025 во Лигата на нации, ќе се игра во Минхен истиот ден со почеток во 21:00 часот.

Оваа година се одржува 4. Лига на нации на УЕФА, а претходно шампионската титула ја освоија Португалија, Франција и Шпанија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın