УЕФА Лига на шампиони: Манчестер Сити подобар од РБ Лајпциг, ПСЖ загуби од Њукасл
- Њукасл на стадионот „Сент Џејмс Парк“ го декласираше ПСЖ со 4:1 во рамките на натпреварите од група Ф во Лигата на шампиони

АНКАРА (АА)
Тимот на Њукасл го декласираше фаворизираниот Париз Сен Жермен (ПСЖ) со 4:1 во второто коло на УЕФА Лигата на шампиони, известува Анадолу.
Англискиот претставник Њукасл во рамките на натпреварите од група Ф во ЛШ, на стадионот „Сент Џејмс Парк“ го пречека францускиот претставник ПСЖ. Домаќините му нанесоа висок пораз на ПСЖ, а стрелци за домаќините беа Мигуел Алмирон во 17., Ден Брн во 39., Шон Лонгстаф во 50. и Фабијан Шар во 90. минута. Единствениот погодок за гостите го постигна Лукас Хернандес во 56. минута.
Во рамките на групата Г, Црвена Звезда на стадионот „Рајко Митиќ“ одигра нерешено 2:2 против Јанг Бојс.
Црвена Звезда поведе со голот на Шериф Ндиаје во 35. минута, а на почетокот на второто полувреме, во 48. минута Јанг Бојс изедначи на 1:1 со погодокот што го постигна Филип Угриниќ. Гостите во 60. минута преминаа во водство од 1:2 со голот на Седрик Итен од белата точка, но домаќините успеаја да извлечат бод и да го изедначат резултатот на 2:2 благодарение на голот што го постигна Осман Букари во 88. минута од средбата.
Во истата група, РБ Лајпциг на домашен терен го пречека Манчестер Сити. Гостите беа поуспешни и со резултат 1:3 го совладаа Лајпциг. Головите за Сити ги постигнаа Фил Фоден во 25 минута, Хулијан Алварез во 84 и Жереми Доку 90 + 2 минута. Единствениот гол за домаќините го постигна Лоис Опенда во 48 минута од натпреварот.
Резултати од второто коло на УЕФА Лигата на шампиони:
Група Е
Атлетико Мадрид - Фејенорд 3:2
Селтик - Лацио 1:2
Група Ф
Борусија Дортмунд - Милан 0:0
Њукасл - Париз Сен Жермен 4:1
Група Г
Црвена Звезда - Јанг Бојс 2:2
РБ Лајпциг - Манчестер Сити 1:3
Група Х
Антберпен - Шахтјор 2:3
Порто - Барселона 0:1