спорт

Роби Вилијамс на отворањето на СП во Русија

Поранешниот бразилски фудбалски ас Роналдо, и руската млада сопранистка Аида Гарифулина, исто така, ќе учествуваат во полчасовната церемонија

Mutlu Demirtaştan  | 11.06.2018 - Обновена : 12.06.2018
Роби Вилијамс на отворањето на СП во Русија

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - На спектакуларната церемонија на отворањето на Светското фудбалско првенство во Русија ќе настапи британскиот музичар Роби Вилијамс, јавува Anadolu Agency (AA).

Мундијалот во Русија започнува во четврток во 18:00 со натпреварoт помеѓу домаќинот Русија и Саудиска Арабија.

Пред почетокот на натпреварот на московскиот стадион „Лужники“ ќе се одржи и церемонијата на отворање на Светското првенство, а од Светската фудбалска организација (FIFA) соопштија дека на церемонијата ќе настапи и Вилијамс.

Поранешниот бразилски фудбалски ас Роналдо, и руската млада сопранистка Аида Гарифулина, исто така, ќе учествуваат во полчасовната церемонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın