21 рудар заглавени во рудник за јаглен во кинескиот автономен регион Синџијанг поради поплава
Кинеските власти соопштија дека 21 рудар останале заглавени откако надојдена вода поплавила рудник за јаглен во кинескиот автономен регион Синџијанг во кој живеат Ујгури

ПЕКИНГ
Кинеските власти соопштија дека 21 рудар останале заглавени откако надојдена вода поплавила рудник за јаглен во кинескиот автономен регион Синџијанг во кој живеат Ујгури, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кинеските власти соопштија дека рудникот за јаглен, што се наоѓа во местото Хутуби во ујгурскиот регион, е поплавен во утринските часови.
Во рудникот се наоѓале 29 рудари, а досега се извлечени 8-мина од нив, додека 21 останале заглавени под земјата.
Започната е истрага за инцидентот, а властите вложуваат напори за спасување и извлекување на рударите што се заглавени во рудникот.
На 19 јануари оваа година во Кина се случи експлозија во рудник за злато во која животот го загубија 10 лица.
Кинеската Национална управа за безбедност на рудници на 19 јануари објави дека е решено да се спроведе темелна проверка на 32.000 рудници со цел спречување на понатамошните несреќи во рудниците, но оваа одлука не ги опфаќа рудниците за јаглен.