свет

„Турција со испраќањето медицинска помош на Шпанија и Италија покажа солидарност кон сојузниците“

„Горд сум на тоа што сојузниците испраќаат помош едни на други. Заедно сме посилни“, напиша Столтенберг

Şerife Çetin   | 01.04.2020
„Турција со испраќањето медицинска помош на Шпанија и Италија покажа солидарност кон сојузниците“

БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Турција со испраќањето медицинска помош на Шпанија и Италија покажала солидарност кон сојузниците, јавува Агенција Анадолија (АА).

Столтенберг на својот профил на Твитер објави фотографија на турскиот воен авион кој ќе достави помош на Шпанија и Италија и истакна дека е активна солидарноста во Северноатлантскиот сојуз.

„Горд сум на тоа што сојузниците испраќаат помош едни на други. Заедно сме посилни“, напиша Столтенберг.

Турскиот воен авион со медицинска помош на Италија и Шпанија утринава полета од воениот аеродром „Етимесгут“ во Анкара.

Турција во знак на помош во борбата против Ковид-19 им подаде рака на Шпанија и Италија, кои во моментов се земји што се најмногу погодени од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и во исто време се епицентар на оваа пандемија во Европа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın