свет

Туркије ја поддржува кандидатурата на Марк Рут за нов шеф на НАТО

- Властите на Република Туркије денес ги информираа другите членки на НАТО дека ќе ја поддржат кандидатурата на холандскиот премиер Марк Рут за функцијата генерален секретар на НАТО

Tuğba Altun  | 29.04.2024 - Обновена : 02.05.2024
Туркије ја поддржува кандидатурата на Марк Рут за нов шеф на НАТО

АНКАРА (АА) - Властите на Република Туркије денес ги информираа другите членки на НАТО дека ќе ја поддржат кандидатурата на холандскиот премиер Марк Рут за функцијата генерален секретар на НАТО, јавува Анадолу.

Анкара официјално ја најави поддршката за Рут во неговата кандидатура за нов шеф на НАТО.

Одлуката е донесена по состанокот на Рут со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул минатата недела.

Ердоган се состана со Рут во палатата Вахдетин на 26 април.

За време на заедничката прес-конференција, Рут изјави дека на јужното крило на НАТО му е потребно раководството на Анкара и Туркије.

„Туркије игра важна улога во обидот да се стави крај на војната во Газа“, рече Рут, додавајќи дека Анкара, исто така, игра важна улога во ставањето крај на војната во Украина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın