свет

„Русија е за преземање чекори за да се избегнат заканите од територијата на Сирија кон Турција"

Лавров, истакнувајќи дека Русија е за преземање чекори за да се избегнат заканите од територијата на Сирија кон Турција и другите земји, рече: „Нашата позиција е од територијата на Сирија да се избегнат заканите кон Турција и другите земји

Ali Cura, Dmitri Chirciu, Emre Gürkan Abay  | 21.10.2019 - Обновена : 22.10.2019
„Русија е за преземање чекори за да се избегнат заканите од територијата на Сирија кон Турција"

МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакна дека Русија е за преземање чекори за да се избегнат заканите од територијата на Сирија кон Турција и другите земји, пренесува Anadolu Agency (AA).

По состанокот со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, Лавров на заедничката прес-конференција одговори на прашањата на новинарите за ситуацијата во северна Сирија.

Лавров, истакнувајќи дека Русија е за преземање чекори за да се избегнат заканите од територијата на Сирија кон Турција и другите земји, рече: „Нашата позиција е од територијата на Сирија да се избегнат заканите кон Турција и другите земји. Исто така, курдските структури треба да бидат вклучени во Уставот на Сирија и во законите за да нема нелегални курдски вооружени групи на територијата на Сирија. Треба да се воспостави дијалог меѓу Курдите и Дамаск. Ние сме подготвени да го промовираме овој дијалог. Двете страни покажаа интерес за помошта на Русија во однос на ова прашање.“

Лавров, исто така, рече: „Се разбира, исто така, треба да се обезбеди дијалог меѓу Турција и сириското раководство. И тука сме подготвени да играме улога и да промовираме директни контакти.“

Искажувајќи дека ќе дадат поддршка за прашањето за измените на Меморандумот од Адана постигнат помеѓу Турција и Сирија, Лавров нагласи:

„Се разбира, дијалогот меѓу Анкара и Дамаск мора да се заснова на Меморандумот од Адана од 1998 година. Ова е меѓународна правна рамка што двете страни неодамна ја прифатија. Доколку страните сакаат да разјаснат или нешто да променат во договорот, тоа ќе биде нивна одлука. Секако дека ние тоа ќе го прифатиме и ќе го поддржиме.“

Лавров, исто така, рече дека нема план турските и сириските власти да се состанат во Сочи.

- „Втората линија на „Турски тек“ ќе биде комплетирана во 2020 година“

Лавров, истакнувајќи дека Бугарија започнала со инфраструктурните работи за втората линија на проектот за гасоводот „Турски тек“, нагласи: „Работите напредуваат во согласност со временскиот распоред и ќе бидат завршени до 2020 година.“

Гасоводот „Турски тек“, кој рускиот гас ќе го пренесува во Турција и Европа, се состои од две линии, и двете со капацитет од 15,75 милијарди метри кубни.

Предвидено е Бугарија да увезува 3,5 милијарди кубни метри од капацитетот од 15,75 милијарди кубни метри планиран за европскиот пазар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın