Поранешната прва дама на Јужна Кореја, Ким Кеон Хи, осудена на 20 месеци затвор
Обвинителството побара казна затвор од 15 години за Ким
ИСТАНБУЛ (АА) – Судот на Јужна Кореја денес ја прогласи за виновна сопругата на поранешниот претседател на Јужна Кореја, Ким Кеон Хи и ја осуди на 20 месеци затвор за корупција. Според објавата на новинската агенција Јонхап, таа е обвинета за прифаќање луксузни подароци од контроверзната Црква на обединување, пренесува Анадолу.
Централниот окружен суд во Сеул ја соопшти пресудата. Сепак, таа беше ослободена од обвинение за вмешаност во манипулациска шема на берзата и за прекршување на законот за политичко финансирање.
Обвинителството побара казна затвор од 15 години за Ким.
Минатиот месец Ким беше обвинета за прифаќање луксузни подароци од претставници од бизнис-секторот во замена за владини функции и политички назначувања.
Обвинителството ја обвини дека примила подароци во вредност од 370 милиони вони (258.000 долари), вклучително и скапа слика, со цел да поддржи кандидат што барал номинација од владејачката партија Моќта на народот на минатогодишните општи избори.
На почетокот на овој месец сопругот на Ким, отповиканиот претседател Јун Сук Јеол, исто така, беше осуден на пет години затвор, по обвинение дека ги опстуирал истражителите во обидот за неговo притворање минатата година. Јун Сук Јеол издал наредба до претседателската безбедносна служба да го блокира спроведувањето на налогот за притвор во претседателската резиденција.
Оваа пресуда е прва од осумте случаи за кои е обвинет поранешниот претседател Јун, вклучително и обвиненијата за организирање бунт преку кратката воена состојба што ја прогласи во декември 2024 година.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
