свет

Извештаи: Северна Кореја истрела две „балистички ракети“ кон Источното Море

По лансирањето на ракетите, Кабинетот на јапонскиот премиер ги повика властите да вложат максимални напори за собирање и анализа на информации, навремено информирање на јавноста...

Islam Uddin  | 27.01.2026 - Обновена : 27.01.2026
Извештаи: Северна Кореја истрела две „балистички ракети“ кон Источното Море

ИСТАНБУЛ (АА) - Северна Кореја денес истрела два проектила, веројатно балистички ракети, објави „Кјодо њуз“, повикувајќи се на јапонската Влада, пренесува Анадолу.

Јапонската крајбрежна стража соопшти дека проектилите веќе паднале во морето.

По лансирањето на ракетите, Кабинетот на јапонскиот премиер ги повика властите да вложат максимални напори за собирање и анализа на информации, навремено информирање на јавноста, осигурување безбедност на авионите и бродовите и преземање на сите можни мерки на претпазливост, вклучително и подготвеност за непредвидени ситуации, се додава.

Јужнокорејската војска, исто така, тврди дека детектирала лансирање на најмалку еден неидентификуван проектил кон Источното Море, објави „Јонхап њуз“.

Лансирањето е второ на Пјонгјанг од 4 јануари, кога беа истрелани балистички ракети пред состанокот на јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг во Пекинг со кинескиот претседател Си Ѓинпинг.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.