свет

Пентагон се подготвува за голем „конечен напад“ во војната со Иран

Се очекува „драматична воена ескалација“ доколку не се постигне напредок во преговорите меѓу Техеран и Вашингтон...

Esra Tekin  | 26.03.2026 - Обновена : 26.03.2026
 Пентагон се подготвува за голем „конечен напад“ во војната со Иран

ИСТАНБУЛ (АА) – Пентагон подготвува воени планови за „конечен напад“ во војната со Иран, што вклучува употреба на копнени сили и масовно бомбардирање, објави порталот „Аксиос“, повикувајќи се на двајца американски официјални претставници и извори запознаени со ситуацијата, пренесува Анадолу.

Според објавата, се очекува „драматична воена ескалација“ доколку не се постигне напредок во преговорите меѓу Техеран и Вашингтон.

Изворите наведуваат дека на маса се опции како инвазија на стратегиски важните острови Харг, Ларак, Абу Муса и други, заедно со блокада на бродовите што пренесуваат иранска нафта источно од Ормускиот Теснец.

Се вели дека одредени американски официјални претставници веруваат дека „демонстрирањето огромна сила“ за завршување на конфликот би им дало на САД поголемо влијание во преговорите.

Извор запознаен со преговарачките напори истакна дека Турција, Пакистан и Египет продолжуваат со обидите за организирање преговори меѓу двете страни.

Исто така, изворот истакна дека Иран ги одбил првичните барања на САД, но не се повлекол целосно од преговорите.

И покрај наводите на изворите, се известува дека американскиот претседател Доналд Трамп сè уште нема донесено одлука за ниедно од овие сценарија. Официјалните претставници на Белата куќа ги сметаат евентуалните копнени операции за „хипотетички“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın