свет

Мирис на надеж среде урнатини: Претприемачка од Газа продолжува со бизнисот со колачи

И покрај сите тешкотии со кои се соочила за време на израелските напади, таа цврсто продолжува со битката за опстанок

Doaa Albaz, Ekrem Biçeroğlu, Halime Afra Aksoy  | 20.03.2026 - Обновена : 20.03.2026
 Мирис на надеж среде урнатини: Претприемачка од Газа продолжува со бизнисот со колачи

ГАЗА (АА) - Нура Сами Ибрахим Абу Авде е претприемачка од Појасот Газа, која одбива да дозволи темнината да го згасне духот на празникот, така што во својот шатор подготвува и продава традиционални рамазански колачи и покрај израелските напади и повторните раселувања, јавува Анадолу.

Израелската воена офанзива, која започна во октомври 2023 година, веќе две години го испишува најмрачното поглавје за Палестинците. Поради урнатите домови тие се принудени на постојан егзодус, од едно засолниште во друго, во очајнички обид за преживување.

Бројот на загинати во нападите во Газа надмина 72.000, а палестинските семејства се борат за опстанок со преживеаните членови на своите фамилии.

Палестинците се принудени да ги остават домовите, работните места и училиштата, мора да се селат десетици пати низ Газа поради новите напади врз областите каде што побарале засолниште.

Зафатени од бранот на раселување, Палестинците се обидуваат да го одржат својот живот во примитивни услови, под платната на бегалските шатори каде што секој нов ден е победа над смртта.

- „Кујната на шеф Ензик“ основана од Палестинки -

Нура Абу Авде од градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа е една од Палестинките кои се обидуваат да се држат за животот.

Абу Авде во изјава за Анадолу истакна дека пред една деценија го започнала својот сон наречен „Кујната на шеф Ензик“.

Таа вели дека подготвува и продава вкусни јадења и дека ова го работи со голема љубов.

Абу Авде посочи дека овој бизнис се развивал низ повеќе фази:

„Подготвував јадења и десерти за специјални пригоди, како што се маамул (колачи со урми), торти, слатки, украсени мини тортички и бисквити со сусам“, рече таа.

Абу Авде вели дека уште од почетокот патот до успехот бил многу тежок и додава:

„Во проектот работиме група жени. Oвој проект, исто така, беше главен извор на приход за мене и за моето семејство. На почетокот имав многу тешкотии бидејќи ми одземаше многу време од домот и од децата.“

- „Местото каде што работевме беше уништено во нападите“ -

Ситуацијата беше многу подобра пред израелските напади врз Појасот Газа, вели таа.

„Сепак, по нападите се соочивме со огромни тешкотии. Мојот дуќан беше уништен и ја изгубивме целата опрема. Бевме принудени да се селиме на повеќе места и тоа неколкупати. Секојпат кога се преселувавме, ја губевме опремата и ги остававме работите зад нас“, изјави таа.

И покрај сите тешкотии со кои се соочила за време на израелските напади, таа цврсто продолжува со битката за опстанок.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın