свет

Иранскиот министер за надворешни работи ги нарече тековните протести „терористичка војна“

„Иранските власти поседуваат аудиоснимки од гласовни пораки пратени до терористичките елементи со кои им се наредува да отворат оган врз цивилите и безбедносните сили“

Lina Altawell  | 12.01.2026 - Обновена : 12.01.2026
 Иранскиот министер за надворешни работи ги нарече тековните протести „терористичка војна“

ИСТАНБУЛ (АА) – Иранскиот министер за надворешни работи денес изјави дека тековните протести во земјата не може да се опишат како демонстрации, туку ги нарече „терористичка војна“, јавува Анадолу.

Зборувајќи на прес-конференција, министерот за надворешни работи Абас Арагчи рече: „Она што се случува сега не се протести, туку терористичка војна против земјата.“

„Иранските власти поседуваат аудиоснимки од гласовни пораки пратени до терористичките елементи со кои им се наредува да отворат оган врз цивилите и безбедносните сили“, тврди тој.

Арагчи рече дека групите, исто така, нападнале владини згради, полициски станици и продавници, а тврдеше дека властите имаат слики на кои се гледа како се дели оружје меѓу демонстрантите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın