свет

Израелските сили ранија Палестинец поради наводен напад со нож на Западниот Брег

Во соопштението на израелската Војска се наведува дека Палестинецот се обидел со нож да нападне израелски војник во местото Гуш Ецион, во јужниот дел на Витлеем

Ali Rezzakoğlu  | 13.09.2021 - Обновена : 14.09.2021
 Израелските сили ранија Палестинец поради наводен напад со нож на Западниот Брег

КУДС (АА) - Израелските сили со огнено оружје ранија еден Палестинец поради наводен напад со нож во окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на израелската Војска се наведува дека Палестинецот се обидел со нож да нападне израелски војник во местото Гуш Ецион, во јужниот дел на Витлеем.

Во соопштението не се дадени повеќе детали.

Не се пријавени повредени меѓу израелските војници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.