свет

Израелската армија со нови напади врз иранскиот главен град

- Израелски напади се случиле во близина на објект на Црвената полумесечина во Техеран, а напади се пријавени и на аеродромот „Пајам“ во градот Караџ во северната покраина Алборз

Mohammad Sıo  | 18.06.2025 - Обновена : 18.06.2025
Израелската армија со нови напади врз иранскиот главен град

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) – Во Техеран се слушнаа експлозии откако израелската армија соопшти дека започнува нови воздушни напади врз иранскиот главен град, пренесува Анадолу.

Во соопштението на израелската армија се вели дека воените авиони моментно напаѓаат ирански воени цели во Техеран.

Иранските медиуми потврдија дека се слушнале експлозии во источен Техеран и дека од областа се гледа чад.

Според иранските веб-портали, израелски напади се случиле во близина на објект на Црвената полумесечина во Техеран. Напади се пријавени и на аеродромот „Пајам“ во градот Караџ во северната покраина Алборз.

Сè уште нема информации за жртви.

Регионалните тензии ескалираа од петокот, кога Израел започна воздушни напади врз повеќе локации низ Иран, меѓу кои и воени и нуклеарни објекти, што го натера Техеран да започне одмазднички напади.

Израелските власти соопштија дека најмалку 24 лица се загинати, а стотици се повредени оттогаш во иранските ракетни напади.

Во израелските напади врз Иран загинале 585 лица, а над 1.300 се ранети, според јавувањата на иранските медиуми.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın