Германија депортира 81 авганистански државјанин со криминално досие, како знак на построга имиграциска политика
- Министерот за внатрешни работи, Александар Добриндт, изјави дека депортирале мажи што биле законски обврзани да ја напуштат Германија и кои извршиле кривични дела.

БЕРЛИН (АА) - Германија депортираше 81 авганистански државјанин што извршил кривични дела назад во матичната земја, објавија официјални лица денес, јавува Анадолу.
Министерот за внатрешни работи Александар Добриндт изјави дека депортирале мажи што биле законски обврзани да ја напуштат Германија и кои извршиле кривични дела.
„Сега спроведуваме уште еден аспект од промената на политиката наведена во коалицискиот договор“, рече конзервативниот политичар, додавајќи дека планираат да продолжат со вакви летови за депортација во Авганистан. Сериозните криминалци немаат право на престој во нашата земја“, нагласи тој.
Депортацискиот лет беше потпомогнат од Катар бидејќи Берлин нема официјални дипломатски односи со привремената влада предводена од талибанците во Авганистан, според Министерството за внатрешни работи.
Новата коалициска Влада на Германија предводена од конзервативците, која ја презеде власта во мај, вети значителна реформа на имиграциската политика за ограничување на нерегуларната миграција. Планот на Владата вклучува спроведување проверки на внатрешните граници на ЕУ и поедноставување на процедурите за депортација, особено за одбиените баратели на азил и оние што извршиле насилни кривични дела.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.