свет

Јапонија вети хуманитарна помош од 190 милиони долари за Авганистан

- Премиерот на Јапонија, Кишида Фумио, истакна дека неговата земја ќе обезбеди хуманитарна помош од 190 милиони долари за Авганистан

Ahmet Furkan Mercan  | 13.10.2021 - Обновена : 14.10.2021
Јапонија вети хуманитарна помош од 190 милиони долари за Авганистан

ТОКИО 

Премиерот на Јапонија, Кишида Фумио, истакна дека неговата земја ќе обезбеди хуманитарна помош од 190 милиони долари за Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Кишида имаше свое обраќање на вонредниот Самит на земјите членки на Г20 одржан преку видеоконференција со иницијатива на Италија, која е претседавач на Г20, на која беше разговарано за итна интервенција врз хуманитарната состојба во Авганистан.

Тој нагласи дека неговата земја ќе обезбеди поддршка за хуманитарни цели во вредност од 190 милиони долари за Авганистан, која, според него, ќе биде доставена до Авганистан преку меѓународните организации.

Меѓу другото, Кишида го осуди бомбашкиот напад извршен минатата недела во џамија во подрачјето на Кундуз во Авганистан, ветувајќи дека ќе ги зголемат постоечките напори во насока на борбата против тероризмот.

Според него, заштитата на целиот авганистански народ во земјата има важна улога во развојот на Авганистан, и, како што рече тој, треба да се осигура образованието на жените и нивното вклучување во работната сила.

Кишида истакна дека во случај талибанската администрација во земјата да ги штити човековите права и да спроведе сеопфатен политички процес, може повторно да привлекува ресурси, фондови и поддршка за реконструкцијата на Авганистан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.