свет

Шумските пожари во Грција стануваат закана за населените места

„Состојбата во последните часови не дозволува да бидеме оптимисти“

Mehmet Hatipoğlu   | 13.08.2019
Шумските пожари во Грција стануваат закана за населените места

ЃУМУРЏИНА (АА) – Зголемените шумски пожари во Грција во последните денови почнаа да ги загрозуваат населените места, пренесува Anadolu Agency (AA).

Манастир во регионот е евакуиран поради неконтролиран пожар во областа Агрилица на полуостровот Евбеја, а група граѓани, собрани од некои села кои можеби ќе треба да бидат евакуирани како мерка за претпазливост, чекаат на селските плоштади.

На гасењето на шумскиот пожар, кој, како што се истакнува, избувнал на полноќ, работат 75 противпожарни возила, 6 противпожарни авиони, 6 хеликоптери и 227 пожарникари. Црниот чад стигнал и до небото на главниот град Атина.

Челникот на округот Евбеја, Фанис Спанос, во изјавата за грчките медиуми истакна дека гасењето на пожарот продолжува со тешкотии поради силните ветрови и грубиот терен во регионот.

„Состојбата во последните часови не дозволува да бидеме оптимисти“, нагласи Фанис Спанос.

- Пожари на островот Тасос и регионот Тива -

Од друга страна, во последните два дена се случија многу пожари и во туристичките места - островот Тасос и регионот Тива. Продолжуваат напорите да се стават пожарите под контрола.

За гасењето на шумскиот пожар на островот Тасос на терен се 4 противпожарни авиони, 56 пожарникари, 25 противпожарни возила и голем број граѓани.

Минатата година во Грција 102 лица го загубија животот како резултат на пожарот во Атика. Овој пожар беше регистриран како втора најсмртоносна огнена катастрофа на 21 век, по пожарот во Австралија во 2009 година, во кој загинаа 180 луѓе.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın