Шпанија откажува два договора со израелски компании во вредност од приближно 1 милијарда евра
- Иако сè уште не е одобрен, се спроведува кралскиот декрет, со кој законски се зајакнува ембаргото за оружје наметнато кон Израел, кое е едно од владините санкции кон Израел составени од девет точки објавени на 9 септември.

МАДРИД (АА) - Шпанското Министерство за одбрана откажало два договори со израелски компании во вредност од приближно 1 милијарда евра, известува Анадолу.
Шпанската официјална новинска агенција, ЕФЕ, објави дека иако сè уште не е одобрен, се спроведува кралскиот декрет, со кој законски се зајакнува ембаргото за оружје наметнато кон Израел, кое е едно од владините санкции кон Израел составени од девет точки објавени на 9 септември.
Повикувајќи се на владини извори, ЕФЕ објави дека се очекува кралскиот декрет со кој законски се зајакнува ембаргото за оружје кон Израел да биде одобрен следната недела, но веќе се преземени конкретни чекори.
Владини извори објавија дека Министерството за одбрана официјално ги откажало договорите за купување ракетни лансери со голема мобилност „Силам“ и противтенковскиот ракетен систем „Спајк Л.Р.“, и двата дизајнирани за вооружените сили.
Дадените информации укажуваат дека се откажани договорот за купување на ракетни фрлачи „Силам“, вреден 700 милиони евра од заедничкото вложување на „Rheinmetall Expal Muntions“ и „EM&E“ и договорот за купување на 168 ракети „Спајк“ во вредност од 287,5 милиони евра доделен на „PAP Tecnos Innovacion SA“, шпанската подружница на израелската компанија „Рафаел“.
Исто така, се наведува дека Министерството за одбрана на Шпанија продолжува со планот за прекин на воено-технолошките врски со Израел и работи на алтернативи кои ќе обезбедат вооружените сили да го имаат потребниот софтвер.
Од друга страна, се тврди дека кралскиот декрет, кој законски би ја забранил продажбата и купувањето оружје, муниција и воена опрема од Израел, досега не е одобрен поради сложеноста на неговото изготвување и потребата од приспособување на неговата содржина на европскиот правен систем.