свет

Шпанија: Лавата од вулканот Кумбре Виеја расели уште 800 луѓе на островот Ла Палма

- Шефот на техничкиот оддел на „Певолка“, Мигел Анхел Моркуенде, одржа прес-конференција на која наведе дека од островот се евакуирани над 6.200 лица.

Şenhan Bolelli   | 13.10.2021
Шпанија: Лавата од вулканот Кумбре Виеја расели уште 800 луѓе на островот Ла Палма Фото: Архива / АА

МАДРИД

Уште 800 луѓе се евакуирани од своите домови поради зголемени ризици во регионот од лавата на вулканот Кумбре Виеја, чија активност започна на 19 септември на островот Ла Палма, кој е дел од Канарските Острови, сместени во југозападниот регион на Шпанија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Агенцијата за вонредна борба и цивилна заштита за специјално планирање (Pevolca) за вулкански ризици во автономната администрација на Канарските Острови, соопшти дека регионот е ставен на второ ниво на тревога поради промената на правецот и брзината на проток на лавата од вулканот Кумбре Виеја.

Во ова соопштение се наведува дека уште 800 луѓе се евакуирани од своите домови од безбедносни причини.

Во соопштението се истакнува дека на луѓето им било дозволено да ги земат важните работи од своите домови во периодот меѓу 13:00 и 19:00 часот, потоа биле оддалечени од ризичната област во придружба на безбедносните сили.

Шефот на техничкиот оддел на „Певолка“, Мигел Анхел Моркуенде, одржа прес-конференција на која наведе дека од островот се евакуирани над 6.200 лица.

Моркуенде рече дека лавата досега прекрила површина од 595 хектари, од кои 170 се земјоделско земјиште.

Од друга страна, поради пристигнувањето на лавата до подрачјето на индустриската зона, во која се наоѓа и фабрика за цемент, поради можноста од зголемување на загадувањето на воздухот кое би влијаело на 3.000 луѓе, некои населени места се ставени во карантин, а од луѓето е побарано, доколку не се принудени, да не ги напуштаат домовите и да ги затворат прозорците.

Педро Санчез, премиерот на Шпанија, утре ќе ја оствари својата трета посета на регионот откако е активен вулканот Кумбре Виеја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.