свет

Холандија: Запленети околу 5 тони кокаин во една недела на пристаништето во Ротердам

Кокаинот бил скриен меѓу различни производи, како банани, чевли и кутии со овошни сокови, во различни контејнери на бродови кои пристигнале од земји како Бразил, Еквадор и Чиле.

Abdullah Aşıran  | 07.01.2023 - Обновена : 10.01.2023
Холандија: Запленети околу 5 тони кокаин во една недела на пристаништето во Ротердам

Ротердам

Околу 5 тони кокаин се запленети во една недела на пристаништето во Ротердам во Холандија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Обвинителството во Ротердам се наведува дека во период од една недела, помеѓу последните денови од 2022 година и првите денови од 2023 година, безбедносните сили извршиле бројни контроли на пристаништето во Ротердам.

При контролите запленети се вкупно 4 тони и 726 килограми кокаин, а 34 лица се приведени.

Се истакнува дека кокаинот бил скриен меѓу различни производи, како банани, чевли и кутии со овошни сокови, во различни контејнери на бродови кои пристигнале од земји како Бразил, Еквадор и Чиле.

Според соопштеното, запленетиот кокаин е уништен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın