свет

Хезболах лансирал 600 проектили во рок од 24 часа

„Повеќе од половина лансирани проектили биле директно насочено кон израелските сили”

Lina Altawell  | 26.03.2026 - Обновена : 27.03.2026
Хезболах лансирал 600 проектили во рок од 24 часа

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелските медиуми денес известија дека во изминатите 24 часа Хезболах истрелал 600 проектили, дронови и минофрлачки гранати, а повеќето биле насочени кон израелските сили во Јужен Либан, пренесува Анадолу.

Според Канал 24, проектили биле истрелани кон израелска територија и кон војниците што дејствуваат во Јужен Либан.

„Повеќе од половина лансирани проектили биле директно насочено кон израелските сили”, велат од Канал 24.

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар вчера изјави дека Хезболах истрелал повеќе од 3.500 ракети, гранати и беспилотни летала насочени кон Израел од почетокот на конфликтот на почетокот на овој месец.

Еден војник загинал во борбите во Јужен Либан, каде што непријателствата ескалираа од 2 март, соопшти денес израелската војска.

Според воени податоци, досега во Јужен Либан се убиени тројца израелски војници.

Во посебно соопштение израелската војска наведе дека силите на бригадата „Голани“ продолжиле со копнените операции, со цел проширување на она што го опиша како „предна безбедносна зона“ во Јужен Либан.

Израел врши напади врз Либан од воздух и започна копнена офанзива во јужниот дел на земјата по прекуграничниот напад од Хезболах на 2 март.

Либанските власти велат дека оттогаш во израелските напади се убиени најмалку 1.094 лица, а 3.119 се повредени.

Ескалацијата следи по заедничката американско-израелска офанзива врз Иран во која се убиени над 1.340 лица од 28 февруари. Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, американските бази во регионот на Персискиот Залив.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın