Украинската делегација отпатува за Женева за мировните преговори со Русија и САД
„Се упативме кон Женева. Следува нова рунда преговори. По патот, заедно со колегите ќе разговараме за лекциите од нашата историја во потрага по правилни заклучоци. Интересите на Украина мора да бидат заштитени”
МОСКВА (АА) – Делегацијата на Украина отпатува за Женева, каде што на 17 и 18 февруари се очекува да се одржи нова рунда мировни преговори со Русија, посредувани од Соединетите Американски Држави, изјави денес Кирило Буданов, шеф на Кабинетот на претседателот, пренесува Анадолу.
Буданов на Телеграм сподели заедничка фотографија со двајца членови на делегацијата пред возот пред заминувањето.
„Се упативме кон Женева. Следува нова рунда преговори. По патот, заедно со колегите ќе разговараме за лекциите од нашата историја во потрага по правилни заклучоци. Интересите на Украина мора да бидат заштитени”, објави тој.
Првата рунда трилатерални безбедносни консултации помеѓу Русија, Украина и САД, се одржа на 23 и 24 јануари во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Московскиот преговарачки тим го предводи Игор Костјуков, челник на Главната управа на Генералштабот за вооружените сили на Руската Федерација.
Втората рунда се одржа на 4 и 5 февруари, на иста локација.
Минатата недела портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, соопшти дека следниот круг преговори за договор за Украина ќе се одржат во трилатерален руско-американско-украински формат, закажан за 17 и 18 февруари во Женева, Швајцарија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
