свет

Украина прогласи вонредна состојба

Претседателот на Советот, Олексиј Данилов, изјави дека вонредна состојба ќе биде прогласена во целата земја, освен во регионите Доњецк и Луганск, и дека одлуката мора да биде одобрена од Парламентот во рок од два дена

Talha Yavuz  | 23.02.2022 - Обновена : 24.02.2022
Украина прогласи вонредна состојба

КИЕВ (АА) ‒ Советот за безбедност и одбрана на Украина соопшти дека донел одлука за прогласување на 30-дневна вонредна состојба во целата земја, со исклучок на регионите Доњецк и Луганск, јавува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот на Советот, Олексиј Данилов, изјави дека вонредна состојба ќе биде прогласена во целата земја, освен во регионите Доњецк и Луганск, и дека одлуката мора да биде одобрена од Парламентот во рок од два дена.

Наведувајќи дека вонредната состојба може да биде продолжена за уште 30 дена доколку тоа биде потребно, Данилов потсети дека од 2014 година веќе има слични практики со вонредната состојба во регионите Доњецк и Луганск.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın