Турските авиони уништија терористички гнезда на ПКК во Kандил
- Турското Министерство за национална одбрана соопшти дека турските воени авиони го погодиле северноирачкиот регион Кандил како дел од операцијата „Канџа“, при што уништиле терористички цели на ПКК во регионот

АНКАРА
Турското Министерство за национална одбрана соопшти дека турските воени авиони го погодиле северноирачкиот регион Кандил како дел од операцијата „Канџа“, при што уништиле терористички цели на ПКК во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во официјалното соопштение на Министерството се вели дека во нападот исто така биле уништени и складишта за оружје и засолништа на терористите на ПКК.
Операцијата „Канџа“ започна на 27 мај од страна на турските сили против терористичката организација ПКК во подрачјето на Хакурк, во северен Ирак.
Досега турската Армија неутрализираше најмалку 84 терористи.
ПКК е сепаратистичка терористичка организација која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.