Турскиот претседател учествуваше на сесијата на Г20 за критични минерали и вештачка интелигенција
Дводневниот самит, на тема „Солидарност, еднаквост, одржливост“, продолжува во Јоханесбург, Јужноафриканската Република
ЈОХАНЕСБУРГ, ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес присуствуваше на сесијата насловена „Фер и праведна иднина за сите: Клучни минерали; Достојна работа; Вештачка интелигенција“, која се одржа во рамките на тековниот самит на лидерите на Г20, јавува Анадолу.
Дводневниот самит, на тема „Солидарност, еднаквост, одржливост“, продолжува во Јоханесбург, Јужноафриканската Република.
Ердоган им се обрати на учесниците и на сесија зад затворени врати.
Вчера (сабота), тој присуствуваше на сесиите под наслов „Инклузивен и одржлив економски раст без да се остави никого зад себе: Градење на нашите економии; улогата на трговијата; Финансирање за развој и товарот на долгот“ и „Отпорен свет - придонесот на Г20: Намалување на ризикот од катастрофи; Климатски промени; Правични енергетски транзиции; Прехранбени системи“.
На маргините на тие сесии во текот на вчерашниот ден, Ердоган, исто така, одржа и билатерални средби.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
