Тројца Палестинци се убиени во израелски оган и воздушен напад во северниот окупиран Западен Брег
Во веста што ја објави палестинската официјална новинска агенција ВАФА се наведува дека израелската Армија извршила рација во селото Кафр Куд, западно од Џенин, во раните утрински часови и поставила опсада врз една земјоделска област.
РАМАЛА/ИСТАНБУЛ (АА) - Тројца Палестинци се убиени во израелски оган и воздушен напад во губернијата Џенин во северниот дел на окупираниот Западен Брег, според локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Официјалната новинска агенција Вафа, повикувајќи се на локални извори, јави дека израелските сили го нападнале градот Кафр Куд со воено засилување, опколиле област со земјоделско земјиште и отвориле оган врз тројца млади мажи.
Израелските сили ги запленија телата на починатите Палестинци, чиј идентитет е непознат, објави Вафа.
По пукањето, израелската Армија погоди возило во истата област, предизвикувајќи пожар што зафати и неколку маслинови дрвја, додаде Вафа.
Претходно денес, сведоци за Анадолу изјавија дека слушнале пукање во близина на Кафр Куд, по што следувал израелски воздушен напад врз пештера и возило во истата област.
Тие додадоа дека израелските сили ги отстраниле телата од местото.
Израелската Армија го потврди нападот, велејќи дека целта била „терористичка ќелија“. Се наведува дека три лица се убиени, меѓу кои едно во воздушниот напад, а едно е лице е повредено.
Според дописникот на Анадолу, ова е првиот израелски воздушен напад во окупираниот Западен Брег за девет месеци.
Од јануари, израелската Армија спроведува големи воени операции во бегалските кампови на северниот дел од Западниот Брег, што резултираше со убивање и ранување на десетици Палестинци, раселување на сите жители и масовно уништување на домовите и инфраструктурата.
Израелските напади ескалираа низ окупираниот Западен Брег од октомври 2023 година, при што се убиени повеќе од 1.059 Палестинци, а повредени се 10.300 други.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
