До 15:00 часот излезност од 30,26 % на локални избори во Северна Македонија
На прес-конференција, претставници на ДИК соопштија дека пресметката е направена врз основа на обработени податоци од 93,59 % од гласачките места што стигнале до оваа институција.
СКОПЈЕ
СКОПЈЕ (АА) - Процесот на гласање во вториот круг од локалните избори во Северна Македонија е во тек, а до 15:00 часот излезноста достигна 30,26 %, објави Државната изборна комисија (ДИК), пренесува Анадолу.
На прес-конференција, претставници на ДИК соопштија дека пресметката е направена врз основа на обработени податоци од 93,59 % од гласачките места што стигнале до оваа институција.
Општини со најголема излезност во вториот круг на локалните избори во Северна Македонија до 15.00 часот имаат Крушево со 50.22%, Пробиштип со 49.04%, Росоман 48.13%, Демир Капија со 46.97%, Лозово со 46.95% и Дојран со 46.75%.
Државната изборна комисија (ДИК), објави дека во вториот круг гласање на локалните избори право на глас имаат 1.013.375 граѓани, а гласањето се спроведува на 1.777 избирачки места.
Во денешното гласање кое започна во 07:00 часот и ќе трае до 19.00 часот, граѓаните ќе бираат градоначалници на 32 општини и на градот Скопје.
Во првиот круг што се одржа на 19 октомври, резултираше со избор на 44 градоначалници и општински совети. Во општина Шуто Оризари, гласањето денес се повторува на три избирачки места за избор на градоначалници и членови на Советот.
Вчера гласаа затворениците, лицата во домашен притвор, болните и немоќни лица и лицата во домови за старци.
Првичните неофицијални резултати од вториот круг од локалните избори се очекува ДИК да ги соопшти околу 23 часот.
Во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово не беше избран градоначалник во првиот круг поради тоа што не беше постигнат цензусот на излезност од најмалку една третина. Во овие општини ќе започне нова изборна постапка во рок од 60 дена по објавувањето на конечните резултати, согласно Изборниот законик.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
