свет

Три лица загинаа во пад на канадер при гаснење на пожарите во Австралија

Несреќата се случила во местото Кума во Нов Јужен Велс, а на терен се испратени хеликоптерски и пожарникарски екипи за да го лоцираат урнатиот авион

Rıyaz Khalıq  | 23.01.2020 - Обновена : 24.01.2020
Три лица загинаа во пад на канадер при гаснење на пожарите во Австралија Фото: АА/Архива

АНКАРА (АА) - Најмалку три лица загинаа при пад на канадер, што учествувал во гаснењето на големиот шумски пожар во Австралија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Несреќата се случила во местото Кума во Нов Јужен Велс, а на терен се испратени хеликоптерски и пожарникарски екипи за да го лоцираат урнатиот авион.

„Трагично, се чини дека нема преживеани во несреќата“, изјави комесарот на Руралната противпожарна служба (RFA), Шејн Фитсимонс.

„Авионот падна со големиот товар при што првичните извештаи покажуваат дека се створила голема огнена топка во моментот кога авионот удрил во земјата“, рече тој.

Канадерот „Lockheed C-130 Hercules“ се смета за еден од најефикасните во гасењето пожари, а причината за падот на тој авион во Австралија е предмет на започнатата истрага.

Австралија се бори со огромни шумски пожари од минатата година, а во пожарите загинаа над 25 лица и речиси милијарда животни.

Властите на земјата издадоа пет предупредувања за опасност од ново ширење на пожарот во Нов Јужен Велс погоден од суво и ветрови време. Најавено е и затворање на Меѓународниот аеродром во Канбера.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.