Илјадници пропалестински демонстранти на протестен марш преку сиднејскиот Харбор бриџ
„Намерното изгладнување на 2 милиони жители на Газа е дел од поширок план, континуирано најавуван од израелските лидери, или да се убие или да се протера целото палестинско население од Газа. Ова е геноцид.“

ИСТАНБУЛ (АА) - Илјадници пропалестински демонстранти во Австралија денес маршираа преку сиднејскиот Харбор бриџ како дел од протестот со кој се бара прекин на огнот во Појасот Газа и дозволување влез на хуманитарна помош во енклавата, јавува Анадолу.
Иако маршеви се одржуваат секоја недела од октомври 2023 година, ова е прв пат Акционата група за Палестина да го одржи својот протест на познатиот сиднејски мост.
Акционата група за Палестина - Сиднеј го организираше Маршот за хуманост, повикувајќи ги „сите, секој поединец и секоја организација, кои не можат да поднесат да не преземат ништо пред ова злосторство, да ни се придружат“.
Се истакнува дека настанот „испраќа моќна порака до светот, до Газа, до Израел и до нашата Влада дека сме решени да застанеме за човештвото“, повикувајќи ги властите да го олеснат одржувањето на настанот.
„Намерното изгладнување на 2 милиони жители на Газа е дел од поширок план, континуирано најавуван од израелските лидери, или да се убие или да се протера целото палестинско население од Газа. Ова е геноцид“, истакна групата.
Полицијата на Нов Јужен Велс на X соопшти дека поради јавната безбедност, ќе соработува со демонстрантите за безбедно минување на мостот.
Сенаторката од Зелените за Нов Јужен Велс, Мехрин Фаруки, се обрати пред демострантите, повикувајќи на „најстроги санкции врз Израел“.
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, исто така беше меѓу оние што маршираа на дождливиот ден во Сиднеј.
Израелската армија спроведува брутална офанзива врз Газа од 7 октомври 2023 година, во којашто убиени се над 60.000 Палестинци. Немилосрдното бомбардирање ја уништи енклавата, го разори здравствениот систем и доведе до услови на глад.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.