Трамп соопшти дека Израел и Иран се согласиле на прекин на огнот
- Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека „во период од 24 часа, светот ќе го поздрави официјалниот крај на 12-дневната војна“

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп во вечерва соопшти дека е постигнато прекин на огнот меѓу Израел и Иран, известува Анадолу.
„Во потполност е договорено меѓу Израел и Иран дека ќе има целосен и тотален прекин на огнот (откако Израел и Иран ќе се повлечат и ќе ги завршат своите активни финални мисии!), во период од 12 часа, по што Војната ќе се смета за завршена!
Трамп на платформата Truth Social го објасни процесот на прекинот на огнот:
„Официјално, Иран ќе го започне прекинот на огнот во период од 12 часа, а потоа во период од 12 часа и Израел ќе го започне прекинот на огнот, така да по 24 часа светот ќе го поздрави официјалниот крај на 12-дневната војна“.
Непријателствата избувнаа на 13 јуни кога Израел започна воздушни напади врз неколку локации низ Иран, вклучувајќи воени и нуклеарни објекти, поттикнувајќи го Техеран да започне возвратни напади.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.