свет

Трамп од НАТО-самитот: Целта од 5% издвојувања за одбраната ќе додаде над 1 билион долари годишно

„Во многу историска пресвртница оваа недела, сојузниците на НАТО се обврзаа драматично да ги зголемат своите трошоци за одбрана на 5% од БДП, нешто што никој навистина не го сметаше за можно.“

Muhammed Yasin Güngör  | 25.06.2025 - Обновена : 26.06.2025
Трамп од НАТО-самитот: Целта од 5% издвојувања за одбраната ќе додаде над 1 билион долари годишно

ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека посветеноста на сојузниците на НАТО за издвојувања за одбраната од 5% од бруто домашниот производ на земјите членки ќе додаде „над 1 билион долари годишно“ кон колективната одбрана, јавува Анадолу.

Говорејќи на самитот на Алијансата во Хаг, Трамп им рече на новинарите: „Во многу историска пресвртница оваа недела, сојузниците на НАТО се обврзаа драматично да ги зголемат своите трошоци за одбрана на 5% од БДП, нешто што никој навистина не го сметаше за можно.“

Триесет и двете земји членки на НАТО денес се обврзаа дека до 2035 година ќе реализираат издвојување од 5% од БДП годишно, од кои најмалку 3,5% за основни трошоци за одбрана и до 1,5% за кибербезбедноста, критичната инфраструктура и градење индустриски капацитети.

„Ова ќе биде познато како одбранбена обврска од Хаг“, рече Трамп, нагласувајќи го значењето на договорот за европската и глобалната безбедност.

„Ова е тековен проект. Ова е безбедноста на Европа, безбедноста на светот“, нагласи тој.

Трамп рече дека ова претставува драматичен напредок од претходната цел од 2%, припишувајќи го успехот на неговиот директен притисок врз сојузниците.

„Неколку од нив ми пристапија, еден конкретно, рече дека се обидуваат да го зголемат на 3% веќе 20 години, 'не успеваме, а вие го зголемивте на 5%'“, рече тој.

Нагласи дека процесот се забрзал по неговата победа на изборите во САД во ноември, при што „скоро сите“ членки развиле планови за постигнување на целите „многу брзо, речиси веднаш“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın