Erbil Başay
19 Февруари 2025•Ажурирај: 20 Февруари 2025
БЕРЛИН (АА) - Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок го критикуваше отсуството на европските земји од разговорите за Украина меѓу САД и Русија, наведувајќи дека траен мир во Европа може да се постигне само со Европа, известува Анадолу.
Во писмената изјава министерката Баербок посочи дека се наоѓаат на важен крстопат за безбедноста и мирот на Европа и нагласи дека е важно сега да се постигне траен мир во Украина.
Тврдејќи дека не е од корист за Украина, Европа и САД лажниот мир што ќе ѝ даде само простор на Русија да се соземе и време да се подготви за нова војна, министерката Баербок истакна дека разговорите за украинското прашање не треба да ги прават нервозни и дека треба да останат присебни по ова прашање и покрај различните гласови што доаѓаат од другата страна на Атлантикот.
„Траен мир во Европа може да се постигне само со Европа“, предупреди Баербок истакнувајќи дека потценувањето на улогата на Европа ќе ѝ биде од корист на Русија.
Баербок рече дека затоа кон американската администрација мора да се покаже самоуверен став.
Наведувајќи дека продолжуваат со напорите за зголемување на моќта на Украина, министерката Баербок рече дека мирот во Украина, а на крајот и во Европа, може да се постигне со преговарање од моќна позиција.
Баербок го поздрави договорот на ЕУ за 16. пакет санкции кон Русија.
Наведувајќи дека заедно како Европејци ќе напредуваат во обезбедувањето воена поддршка за Украина, Баербок ја сподели информацијата дека Европската Унија (ЕУ) подготвува голем пакет во вредност од милијарди евра за артилериско оружје, системи за противвоздушна одбрана и беспилотни летала.
„Но ние како ЕУ не треба да застанеме тука. Ќе ја зголемиме нашата помош за Украина на билатерална основа и поради тоа ќе бидеме принудени да го коригираме буџетот, без разлика дали го сакаме тоа или не“, рече Баербок.