свет

Трамп се пошегува дека Венецуела би можела да стане 51-та држава на САД

„Добри работи ѝ се случуваат на Венецуела во последно време! Се прашувам за каква магија се работи? СТАТУС НА ДРЖАВА, #51, НЕКОЈ?“

Diyar Güldoğan  | 17.03.2026 - Обновена : 18.03.2026
Трамп се пошегува дека Венецуела би можела да стане 51-та држава на САД

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп се пошегува дека Венецуела би можела да стане 51. држава на Соединетите Американски Држави (САД), откако нивниот тим извојува победа над Италија во полуфиналето на Светскиот бејзбол класик, јавува Анадолу.

„Леле! Венецуела ја победи Италија вечерва со 4:2 во полуфиналето на Светскиот бејзбол класик. Изгледаат навистина одлично.“

„Добри работи ѝ се случуваат на Венецуела во последно време! Се прашувам за каква магија се работи? СТАТУС НА ДРЖАВА, #51, НЕКОЈ?“, напиша Трамп на својата платформа „Трут соушал“.

По неколкумесечни зголемени тензии, САД го заробија венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, на 3 јануари, што предизвика серија настани, вклучително и именувањето на потпретседателката Делси Родригез за привремен претседател на Венецуела, измени во клучниот закон за нафта во земјата и ослободување на дел од политичките затвореници.

Трамп претходно ја повика и Канада да стане 51. сојузна држава на САД.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın