свет

Трамп: Прекин на огнот во Газа ќе биде постигнат „во текот на следната недела“

„Тукушто разговарав со некои од вклучените луѓе... Мислиме дека во текот на следната недела ќе имаме прекин на огнот“, рече Трамп

Diyar Güldoğan  | 28.06.2025 - Обновена : 28.06.2025
Трамп: Прекин на огнот во Газа ќе биде постигнат „во текот на следната недела“

ВАШИНГТОН (АА) - Наскоро ќе биде постигнат прекин на огнот во Појасот Газа, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Анадолу.

„Мислам дека е блиску“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба на прашањето колку е блиску неговата администрација до договор во однос на прекинот на огнот во Газа.

„Тукушто разговарав со некои од вклучените луѓе... Мислиме дека во текот на следната недела ќе имаме прекин на огнот“, рече Трамп.

Тој додаде дека во Газа се одвива „ужасна ситуација“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.