свет

Трамп можно е да отпатува во Истанбул за преговорите меѓу Русија и Украина

„Доколку се случи нешто, би отишол утре (во Истанбул), ако биде соодветно“, рече Трамп на состанокот со бизнис-лидери во Катар

Ahmed Asmar  | 15.05.2025 - Обновена : 16.05.2025
Трамп можно е да отпатува во Истанбул за преговорите меѓу Русија и Украина

АНКАРА (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека би размислил да отпатува во Истанбул утре „доколку тоа биде соодветно“, поради руско-украинските мировни преговори што се одржуваат во турската метропола, јавува Анадолу.

„Доколку се случи нешто, би отишол утре (во Истанбул), ако биде соодветно“, рече Трамп на состанокот со бизнис-лидери во Катар.

„Во моментов имаме луѓе што преговараат и се надевам дека Русија и Украина ќе можат да направат нешто“, додаде тој.

Трамп, исто така, рече дека неговата земја е „многу блиску“ до потпишување договор со Иран за неговата нуклеарна програма.

„Мислам дека сме многу блиску до постигнување договор со Иран“, рече тој.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın