свет

САД и Украина разговараа за мировниот план и економската агенда на петчасовниот состанок во Берлин

Германија беше домаќин на консултациите пред поширокиот самит што треба да се одржи вечерва, на кој ќе учествуваат Зеленски, европските лидери и претставници од ЕУ и НАТО

Muhammed Yasin Güngör  | 15.12.2025 - Обновена : 15.12.2025
САД и Украина разговараа за мировниот план и економската агенда на петчасовниот состанок во Берлин

ИСТАНБУЛ (АА) - Делегациите на Соединетите Американски Држави (САД) и Украина вчера одржаа разговори во Берлин, на кои зборуваа за мировниот план од 20 точки и економската агенда, според извештајот од состанокот, јавува Анадолу.

Средбата меѓу украинскиот претседател Владимир Зеленски, специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер и делегациите од двете земји траела повеќе од пет часа, се вели во соопштението објавено од Виткоф на американската компанија за социјални медиуми X.

Претставниците одржаа „длабоки“ разговори во врска со мировниот план, економската агенда и друго, се вели во соопштението.

„Постигнат е голем напредок и тие повторно ќе се сретнат утре наутро“, се додава во соопштението.

Германија беше домаќин на консултациите пред поширокиот самит што треба да се одржи вечерва, на кој ќе учествуваат Зеленски, европските лидери и претставници од ЕУ и НАТО. Останува нејасно дали американските претставници ќе учествуваат на тој состанок.

Вчера Зеленски пристигна во Берлин на интензивни разговори за потенцијално примирје и мировна рамка со Русија.

Пред состанокот украинскиот претседател рече дека Киев сега бара билатерални безбедносни гаранции од Вашингтон, како и гаранции од европски и други земји, вклучително и Канада и Јапонија.

Состанокот е најнов во серијата средби фокусирани на мировната рамка за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина, а претходните разговори беа одржани во Швајцарија и САД.

Во ноември официјалните претставници се состанаа во Женева и изготвија „рафинирана мировна рамка“, ажурирајќи го претходниот американски план од 28 точки.

Виткоф и Кушнер се состанаа со рускиот претседател Владимир Путин во Москва на 2 декември за да дискутираат за нацрт-рамковниот договор.

Подоцна делегациите одржаа дополнителни разговори на Флорида, кои двете страни ги оценија како конструктивни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.